Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЌЕ СЕ ОДИ НА УСТАВЕН: Јакимовски ќе ги оспорува хемиските фабрики во Ѓорче

ЌЕ СЕ ОДИ НА УСТАВЕН: Јакимовски ќе ги оспорува хемиските фабрики во Ѓорче

Советот на Карпош да го оспори пред Уставен суд ДУП-от во Ѓорче затоа што го загрозува животот на карпошани, бара градоначалникот на Карпош Стевчо Јакимовски.

Градоначалникот Јакимовски побара од претседателот на Советот, Бранко Ристов да свика итна седница на Советот  за да се донесе одлука за поведување на постапка пред Уставниот суд за укинување на новиот урбанистички план во Ѓорче Петров. Јакимовски на денешната прес конференција рече дека ДУП-от е донесен на криминален начин, а најлошо е тоа што во него се вцртани три хемиски фабрики кои директно го загрозуваат животот на карпошани, особено на жителите на Влае.

„ На криминален начин го донесоа ДУП-от кој се наоѓа во непосредна близина на населбата Влае, односно на границите со Општина Карпош, каде се предвидуваат 30-тина згради кои ќе бидат со по 20 ката, 17-ката, меѓутоа најголемиот проблем е тоа што се предвидени три големи хемиски фабрики и каде што според Урбанистичкиот план се наоѓа тешка и незагадувачка индустрија. Проблемот е што овие хемиски фабрики ќе ја загрозуваат Општина Карпош, но во исто време се во близина на бунарите Лепенец и Вардар од кое што над 30 отсто од потребите на Скопје во летните периоди се надоместува токму од ова бунарско подрачје и од каде што имаме исклучително квалитетна вода за пиење“, вели Јакимовски.



Слично

Поврзани вести