Ќе се одглави ли заглавената екстрадиција на Грујевски и Бошкоски?
По одложувањето од 2 март денеска нов обид во судот во Атина дека да се одглави екстрадицијата на двајцата екс разузнавачи Горан Грујевски и Никола Бошковски кои се наоѓаат во екстрадиционен затвор.
На последното пропаднато рочиште имаше преведувач од македонски на грчки јазик и обратно но болеста на еден од адвокатите од грчкиот тим што ги брани двајцата поранешни разузнавачи го одложи рочиштето.
Грујевски и Бошковски во рацете на грчката полиција паднаа на 18 октомври кога се обидоа да заминат со авион за Будимпешта но со лажни бугарски пасоши.
И двајцата се гонат од СЈО за предметот „Тврдина и Таргет“.
Слично
