Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ќе се носи нов закон за јазиците но, без рокови и ултиматуми

Ќе се носи нов закон за јазиците но, без рокови и ултиматуми

Парламентарното мнозинство ќе ја започне процедурата за носење на новиот закон за употреба на јазиците кој е дел од владиниот договор кога за тоа ќе се создадат соодветни услови, но коалиционите партнери засега не поставуваат никакви рокови ниту ултиматуми.

“Имаме договор за јазикот. Имаме договор за коалицијата. Имаме договор и за форматот на владата на Република Македонија. Сега разговараме за најповолен момент кога да се стави на дневен ред во собранието“, смета Ахмети.

Од друга страна пак, притисок врши движењето БЕСА кои велат дека новиот закон не е на приоритетната листа на парламентарното мнозинство и изразија сомнежи дека ако не се донесе навреме тоа може да значи и крај за владината коалиција. 

Фадил Зендели, од коалицијата Преродба со Беса, ги потсети партиите на Албанците кои се дел од мнозинството, дека ветија оти законот за јазиците ќе се изгласа  уште пред да се изгласа владата.

„Ние, како парламентарна група и политички субјект ќе излеземе со сопствен предлог, за тоа како ние гледаме на решавање на прашањето за службена употреба на албанскиот јазик“, изјави Зендели.

Слично

Поврзани вести