ЌЕ СЕ НАМАЛИ ЛИ ЗАГАДУВАЊЕТО: За 10 милиони евра Скопјани ќе се возат во еко автобуси
10 милиони евра е сумата на заемот на кој Град Скопје денеска стави потпис за да се набават еко автобуси.
Како изгледа да се возат во 35 екоавтобуси Скопјани најверојатно ќе дознаат до крајот на годинава.
Според Шилегов по оваа набавка со заем од Европската банка за обвнова и развој ќе се замени стариот возен парк на ЈСП кој во оваа инвестиција учествува со 1,8 милиони евра сопствени средства на претпријатието.
Како што се наведува ќе се набават нископодни, зглобни и моно автобуси, на компримиран гас а очекувањата се дека треба да ги намалат емисите на јаглерод диоксид за најмалку 15 проценти.
Слично
