Ќе се намалат 12 од 30 царински стапки што ги бараа странските инвеститори
Владата ќе одговори на 12 од 30 барања за намалување на царинските стапки доставени од странските инвеститори во земјава, соопшти денеска премиерот Зоран Заев.
„Почната е постапката и се прават пресметките и се споредуваат математиките и до крајот на годината до кога е рокот даден од странските инвестиори ќе донесеме одлуки за 12 од барањата за намалување на цариснките стапки за кои апелираа странсктие инвеститори“, нагласи премиерот.
Но, тој најави и контрола на ветувањето на инвеститорите дека приходот што ќе го остварат со ова намалување на царинските стапки ќе го инвестираат во земјава.
Ова барање подолг период го поставуваат дел од странските инвеститори што работат во земјава.
Од Делегацијата на германското стопанство во земјава денеска изјавија дека се задоволни од односот на Владата кон ова прашање.
