Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ќе се најде ли решение за вработените на „Еурокмпозит“ ? Најава за нивни протест пред Влада

Ќе се најде ли решение за вработените на „Еурокмпозит“ ?   Најава за нивни протест пред Влада

Вработените во „Еурокомпозит“ денеска повторно протестираа. Тие во траење од 2 часа го блокираа регионалниот пат Прилеп-Скопје. Бараат исплата на две бруто плати за да продолжат да работат и не го прифаќаат предологот од вицепремиерот Кочо Анѓушев да добијат една бруто плата и во рок од шест месеци да биде решен нивниот проблем.

„Ние баравме две плати или една просечна плата да ни се исплати за да почнеме да работиме и во најкраток можен рок да се решаваат другите проблеми. Немаме ни огрев, ни вода, немаме ни плати ни придонеси, а од денеска немаме ни здравствено осигурување. Шест месеци за нас е предолг период за да се решава статусот на фирмата. Ние продолжуваме секојдневно со штрајкови се до конечно решавање на нејзиниот статус“, изјави претседателот на синдикалната организација Роберт Богданоски најавувајќи за следната недела со протести пред Владата.

Вработените во „Еурокомпозит“ немаат добиено 16 плати, а придонесите не им се платени од јуни 2012 година. За 2018 година, пак, добиле само 5.000 денари паричен надоместок како плата.

Доколку не им се реши проблемот вработените најавуваaт дека од идната недела ќе одат во Скопје да протестираат пред Влада со поставување на шатори.

„Едно не ми е јасно, како може Владата оваа и претходната Влада да ги повикува странските инвеститори да вложуваат тука, 5 години за нивните вработени им ги плаќа придонесите, а ниие 100 проценти државна фирма немаме платено придонеси со години“, рече Жарко Талески, вработен во „Еурокомпозит“.

Еурокомпозит е последниот државен загубар кој е останат во стопроцентна сопственост на државата. Компанијата сега има долг од речиси пет милиони евра, од кои 80 отсто се кон вработените и кон државните институции.

Слично

Поврзани вести