Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ќе се монтираат првите држачи за велосипеди на автобуси на ЈСП до Водно

Ќе се монтираат првите држачи за велосипеди на автобуси на ЈСП до Водно

Велосипедистите ќе ја остварат својата цел да добијат можност за комбиниран градски превоз откако ЈСП се согласи пробно да постави држачи за велосипеди на три автобуси на линијата 25 која се упатува кон Средно Водно. Потоа велосипедистите ќе можат да продолжат да се рекреираат.

Држачите се монтираат на иницијатива од граѓанското движење "На точак" и идејата е држачите да се монтираат на линиите кои водат до излетничките места околу Скопје, како што се Скопска Црна Гора, Катланово, Матка, Скопска Црна Гора и слично, бидејќи би привлеле повеќе посетители и туристи и би ги направиле овие места подостапни.

„Во последниот период беше тестирана техничката можност за поставување на држачите за велосипеди. Истите, најпрво ќе бидат поставени на три возила, кои што ќе сообраќаат на линијата со број 25 или поточно линијата што сообраќа на релација Транспортен Центар – Милениумски Крст. Во фаза на изработка е упатството за користење на држачите, како за возачите, така и за велосипедистите.Користењето на истите би било бесплатно и би се одвивало на принципот first come, first served„. Ова во интервју за СкопјеИнфо го вели Игор Јанушев, директор на ЈСП Скопје.

Информацијата за автобуски линии со држачи за велосипеди би се вметнала во сите мапи и планери на патувања, со што би очекувале ваквата идеја да наиде на широка поддршка од сите институции и пошироката јавност, додава тој.


Слично

Поврзани вести