ЌЕ СЕ МЕНУВА ДРЖАВНИОТ ГРБ: Мицкоски и ВРЕДИ разговараат за ова прашање
Премиерот Христијан Мицкоски потврди дека ВМРО-ДПМНЕ и ВРЕДИ разговараат за промена на државниот грб.
Мицкоски денеска потврди дека партиите од владејачката коалиција ВМРО-ДПМНЕ и Вреди го отвориле прашањето за промена на државниот грб.
„Ние ова прашање го отворивме. Ние сме една од двете постсоцијалистички држави што сè уште го имаат стариот државен грб, со некои мали модификации“, рече Мицкоски.
Премиерот вели дека договор за менување на државниот грб имало и меѓу ВМРО-ДМПНЕ и ДУИ кога тие во истата влада.
Слично
