Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЌЕ СЕ МАРШИРА: Цела Македонија денес ќе го преплави Скопје, ВМРО ДПМНЕ ќе избега во Штип

ЌЕ СЕ МАРШИРА: Цела Македонија денес ќе го преплави Скопје, ВМРО ДПМНЕ ќе избега во Штип

13,30 часот е терминот кога маршот организиран од Владата ќе тргне од пред зградата на Црвен крст во центарот на Скопје па ќе се движи се до зградата на Европската унија.

Илјадници граѓани денеска се очекува да ги преплават улиците на главниот град . 

„Во недела излегуваме сите заедно - маршираме за европска Македонија! Обединети за европска иднина. Со една заедничка цел – за подобро утре! #ИзлезиЗА“ - беа повиците со кои се најави овој марш.

И додека владеачката партија ќе маршира во Скопје, опозицијата ќе шета низ Штип.

Со почеток во 13:00 пред црквата Св. Никола во Штип ќе почне Протестниот Марш на ВМРО-ДПМНЕ.

Слично

Поврзани вести