Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ќе се купуваат таблет компјутери за ученици од социјални семејства, но ќе треба да ги вратат

Ќе се купуваат таблет компјутери за ученици од социјални семејства, но ќе треба да ги вратат

Министерката за образование и наука Мила Царовска денеска при учество на координативен состанок со Светска банка во врска со проектните активности најави проект за унапредување на основното образование вреден 21,5 милиони евра кој ќе биде целосно заокружен до 2026 година.

Овој процес ќе има четири основни компоненти – подобрување на училишната инфраструктура, развивање на програма за државно тестирање, зајакнување на компетенциите на наставниот кадар и мониторинг и управување на проектот. Со дел од заемот ќе се набават и таблет компјутери за учениците од социјално ранливите семејства, но понатаму ќе треба да се вратат.

- За да обезбеди еднаква пристапност до ИТ уреди, МОН набавува таблет компјутери за учениците од социјално ранливи семејства што ќе им се даваат на времено користење. На овој начин овозможуваме и децата кои не се во можност да користат дигитални уреди, да може да употребуваат како дополнителна алатка при учењето, рече Царовска.

Министерката најави дека дел од средствата ќе се инвестира во кабинети по природни науки, ИТ опрема за училиштата, нагледни и наставни помагала, но и нови клупи, столчиња, табли. Ќе се збогатат библиотечните ресурси, вклучувајќи ги и дигиталните наставни материјали на чие користење ќе се даде приоритет во 4 одделение. 

Слично

Поврзани вести