Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ќе се кратат дискреционите овластувања на функционерите

Ќе се кратат дискреционите овластувања на функционерите

Почнува иницијативата за намалување на дискреционите овластувања на функционерите, информираат од Владата. 

Владата денеска ја разгледа и ја усвои Информацијата за потреба од формирање на работна група за анализа на законите и другите прописи во кои се предвидуваат дискрециони овластувања на функционерите, како и Информацијата за координативни активности помеѓу институциите во системот за борба против корупцијата.

Владата ги задолжува Министерството за внатрешни работи, Министерството за правда, Управата за финансиска полиција, Управата за финансиско разузнавање, Управата за јавни приходи, Царинската управа и Инспекцискиот совет, во рок од 10 дена, до Кабинетот на заменик-претседателот на Владата, задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски во електронска или пишана форма да достават анализа која ќе биде сочинета од деловите наведени согласно содржината на оваа информација и од која треба да произлезат предлози за подобрување на законската рамка, но и фактичките услови за работа на антикорупциските институции.

Слично

Поврзани вести