Ќе се користат ли снимките од „Поткуп“ против Заев?
Предметот „Поткуп“ во кој е обвинет премиерот Заев повторно ќе се најде во судските инстанци, овој пат Апелациониот суд ќе одржи јавна седница на која треба да одлучи дали видео снимката која протече на „Јутјуб“ ќе се користи во судската постапка на предметот.
Во исто време во Кривичниот суд е закажано рочиште по овој предмет.
Последната седница во Апелацискиот суд беше одложена бидејќи судијата известител за овој случајот е избран за судија во Врховен суд. Седницата беше одложена на неопределено време.
Снимките направени со посебни истражни мерки по наредба на јавен обвинител протекоа на интернет видео сервисите и социјалните мрежи и никогаш не беше утврдено како дојде до тоа.
Адвокатите на Заев, претходно, од Кривичниот суд побараа да ги издвои овие снимки од доказниот материјал. Судот го одби нивното барање и донесе решение тие да бидат доказ, по што поднесоа жалба до Апелацискиот суд.
