„ЌЕ СЕ ИЗБОРИМЕ ЗА ПОГОЛЕМА ФИНАНСИСКА СТАБИЛНОСТ НА ОПШТИНИТЕ ОД ЦЕНТРАЛНАТА ВЛАСТ!“ Ѓорѓиевски ќе се бори за поголеми права преку ЗЕЛС
Пред градоначалниците и претставниците од Комитетот на советите, информирав за активностите што се реализирани во минатата година и за постигнатите резултати, за евидентираните проблеми и планираните активности.
И покрај трите состаноци со централната власт на највисоко ниво, вклучително и со Претседателот на Владата, наместо да се изнајде решение во корист на граѓаните, состојбата дополнително се влоши преку носење на два документа-изоставувањето на категоријата „улично осветлување“ од Тарифникот на новите цени на струјата и забраната од Владата до општините да формираат сопствени претпријатија за менаџирање со јавното осветлување.
Иако Министерството за финансии констатира дека е потребно да се направат законските измени, од таму до ден денес нема никакви поместувања.
Предлозите од централната власт беа во насока, општините сами, преку советите да ја утврдат висината на оваа такса, што е апсолутно неприфатливо и поради тоа, ЗЕЛС испрати предлог до Министерството за финансии, цената на уличното осветлување да се пресметува со просечната цена на високата и ниската тарифа за мал потрошувач, зголемен за коефициентот LV 1.1.
За жал, минатата недела стигна Решението од оваа највисока судска инстанца со кое оваа иницијатива беше отфрлена, со што општините повторно се доведоа до финансиски подредена состојба.
Пред делегатите проговорив и за давањето можност на општините да формираат претпријатија за обезбедување на електрична енергија од обновливи извори.
Потенцирав дека сите локални самоуправи ќе мора да посветат внимание на изнаоѓањето на начини за обезбедување на средства за оваа намена од европски проекти или други извори за финансирање, затоа што не се знае како понатаму ќе се одвива состојбата со енергетската криза.
Како позитивна можам да ја издвојам вонредната мерка со која основните и средните училишта, како и јавните претпријатија за снабдување со вода беа префрлени на регулиран пазар.
Лобирањето на ЗЕЛС, во следниот период ќе биде насочено кон тоа училиштата да не се третираат како профитни организации бидејќи е неприфатливо да се плаќа по тарифа како за стопанственици и дека е задоволен што за ова ЗЕЛС има поддршка и од УНИЦЕФ.
Информирав и за ревидираниот документ за систематизираните ставови на ЗЕЛС, во кој се потврдува дека се потребни поголеми финансиски средства од централната власт за соодветно остварување на приоритетите на ЗЕЛС: обезбедување на поголема финансиска стабилност, реформи во организацијата на локалната власт и префрлање на нови надлежности.
Како Претседател на ЗЕЛС нема да дозволам финансиите на граѓаните да бидат управувани во насока на нечиј политички маркетинг.
Ние мора заедно да се бориме за нашите права и заедно да направие промена во нашите општини.
