Ќе се избираат нови уставни судии по предлог на Иванов
Пред пратениците ќе се најдат двата предлогас на претседателот Ѓорге Иванов за избор на Дарко Костадиновски и Осман Кадриу за судии на Уставниот суд на Република Македонија. Оваа точка е на дневен ред на денешната 27. собраниска седница.
Иванов пред еден месец ги предложи Дарко Костадиновски и Осман Кадриу за нови судии на Уставниот суд.
Костадиновски и Кадриу треба да дојдат на местото на судијките Наташа Габер Дамјановска и Гзиме Старова, на кои мандатот им заврши во октомври годинава. Тие беа избрани за судии на Уставен на предлог на претседателот Бранко Црвенковски во 2008 година.
Уставниот суд треба да претставува најпрофесионалната правна институција во Македонија која ќе го штити словото на Уставот, но често во изминатите години се најде во позиција да одработува за политички цели со оглед на долгогодишната криза и неопходните чекори кои ги преземаше за да исправи одредени ситуации со предвремените парламентарни избори минатиот декември.
Слично
