Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ќе се истражува кој помогнал во бегството на Војминовски

Ќе се истражува кој помогнал во бегството на Војминовски

Јавното обвинителството би се вклучило со кривичен прогон против лица кои евентуално му овозможиле бегство на обвинетиот Никола Војминовски, осуден за нападот врз пратеникот Зијадин Села, доколку МВР, кој е надлежен орган за контрола и надзор на мерката куќен притвор, обезбеди релевантни докази што би укажале на извршено кривично дело кое се гони по службена должност, пренесе МИА.

-Со пресуда на Основниот суд Скопје 1, која се однесува на обидот за убиство на пратеникот Зијадин Села, за виновни беа огласени седум обвинети лица кои добија затворски казни. Во текот на кривичната постапка, присуството на сите обвинети лица од нивното лишување од слобода беше обезбедено со мерка притвор, меѓу кои и на обвинетото лице кое сега е во бегство. За ова лице, одбраната во текот на главната расправа поднесе предлог за укинување на мерката притвор и нејзина замена со мерка куќен притвор или мерки на претпазливост, а притоа како аргумент ја наведе влошената здравствена состојба предизвикана од кардиоваскуларни проблеми на обвинетиот. Кривичниот совет на Судот го прифати овој предлог и на лицето му определи мерка куќен притвор на почетокот на мај 2018 година. Судот ја прифати наведената причина од страна на одбраната во која и јавноста неспорно можеше да се увери кога на 18 април 2018 година обвинетиот колабираше на едно од рочиштата и интервенираше итната медицинска помош. Сведочењето на обвинетиот во друг судски процес нема никаква поврзаност со замената на мерката притвор во куќен притвор, стои во соопштението од ЈОРМ.

Оттаму посочуваат дека по завршување на главната расправа и објавата на затворските казни, надлежниот јавен обвинител предложил ваквата мерка да продолжи до правосилност на пресудата, а поради тоа што состојбата заради која мерката куќен притвор била определена сé уште постоела.


Слично

Поврзани вести