Ќе се истражува дали претходно четворицата Руси се затруле во Охрид пред да починат во Албанија
Истрагата околу смртта на двата брачни парови од Русија, кои синоќа беа понајдени мртви во сауна во хотел во турстичката зона Ќерет кај Каваја, се проширува и во Македонија, објави агенцијата „Балкан веб“.
Русите еден ден пред да допатуваат на албанското приморје престојувале во Охрид, а можно е уште од таму да биле затруени, како една од можните причини за смртта која настапила одеднаш. Засега, најверојатната варијанта е тие да се задушиле во сауната. На барање на Руската амбасада во Тирана, во истрагата ќе бидат вклучени и руски експерти.
„Откривањето нови детали, ја прошири истрагата. Во текот на вчерашнот ден тие патувале за Македонија, а по ручекот во Охрид, се вратиле во хотелот “Глорија“ каде што престојувале. Претходно, полицијата соопшти дека се сомневаат дека туристите починале од гушење, но не е исклучено тие да биле под дејство на алкохол. Исто така, дел од истрагата е и патувањето на туристите во Македонија, за евентуално труење со храна или консумирање психотропни супстанции“, објави „Балкан веб“.
Засега има само едно сведоштво - бработената во хотелот,која ги пронашла мртвите тела во сауната. Починатите лица се Наталија Буренкова (58), Сергеј Буренков (60), Екатерина Буренкова (31) и Никита Белоусов(37).
