Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЌЕ СЕ ИСПОЛНИ ПОСЛЕДНАТА ЖЕЛБА НА КИКО: Хуманитарниот концерт во негова чест ќе се одржи, парите ќе се донираат

ЌЕ СЕ ИСПОЛНИ ПОСЛЕДНАТА ЖЕЛБА НА КИКО: Хуманитарниот концерт во негова чест ќе се одржи, парите ќе се донираат

Уште минатата недела, јутјуберот Стефан Лазаров, најави одржување на хуманитарен концерт со кој требаше да се соберат средства за лекување на малиот Кико, кој пред неколку дена, за жал и подлегна на болеста и почина.

Концертот беше закажан за денес и како што најави Лазаров, неговото одржување била последна желба на Кико и затоа концертот ќе се одржи.

„ Како една од последните желби на Кико и неговото семејство е утре да се одржи хуманитарниот концерт за Кико во Ацо Шопов салата во Штип со почеток од 21:00 часот.

Неговиот татко ќе собере сили и ќе се обрати на сите присутни. Сите собрани средства ќе бидат донирани.

Цената за карта е 200 денари , во коментар имате дополнителни информации..“ напиша Лазаров.


Слично

Поврзани вести