Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ќе се испитува сопствеништвото на 1 ТВ

Ќе се испитува сопствеништвото на 1 ТВ

Агенцијата за медиуми денеска едногласно реши да покрене постапка за наводно скриено сопствеништво.

„Лицето Бојан Јовановски во изминатиот период на неговиот медиум, но и на други медиуми јавно изјавува дека е сопственик на телевизјата 1 ТВ, што е спротивно со податоците со кои располага Агенцијата за медиуми и спротивно на член 34 од Законот за Аудио и Аудиовизуелни медиумски услуги во којшто не е дозволено тајно содружништво или таен скриен сопственик“, вели директорот на Агенцијата, Зоран Трајчевски.

Според Централниот регистер 1ТВ е во 100% сопственост на „БЈМ Медиа Груп” што е во сопственост на Миле Јовановски.

„На ваков начин се врши директно прекршување на членот 44 од Законот за медиумски услуги со кои што е забрането тајно сопствеништво на радиодифузерите“, заклучија членовите на Агенцијата на медиуми.

По ваквата одлука во рок од 15 дена, Јовановски ќе треба да поднесе писмена изјава заверена на нотар дека не е сопственик на 1ТВ.

Слично

Поврзани вести