Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ќе се испита кога точно се појавил коронавирусот во Македонија

Ќе се испита кога точно се појавил коронавирусот во Македонија

Епидемиологот од Институтот за јавно здравје Жарко Караџовски во денешната видео-сесија во Владата посветена на прашања за Ковид-19, рече дека институциите ќе истражат дали коронавирусот се појавил во Македонија многу порано од првиот откриен случај.

„Кога ќе заврши се, во посреќни времиња, ќе направиме истражување во кое што ќе кажеме точно дали некој од овие случаи регистриран како заболени од грип во сезона 2019/2020 можеби имале ковид 19. Ќе ги повториме примероците кои ни се зачувани во лабараторија и ќе видиме дали меѓу нив имало некој со коронавирус“, изјави Караџовски.

Вели дека симптомите меѓу Ковид-19 и грипот се многу слични, како и нивниот клинички почеток. 

Слично

Поврзани вести