Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ќе се гради зграда на неколку метри од Плоштад Македонија

Ќе се гради зграда на неколку метри од Плоштад Македонија

Општина Центар иницирала изградба на петкатница кај хотел „Јадран“ на местото на последното паркче што претставува зелена површина во Мал Ринг на неколку метри од Плоштад Македонија во строгиот центар на Скопје.

Станува збор за зелено паркче со димензии 30 х 35 метри. Ова ги засега жителите од околните згради од улиците „Орце Николов“, „Скопска“ и „Никола Кљусев“. За нив тече рокот за жалба преку петиција.

Фирмата „Сколимекс“ добила дозвола за градба, издадена од страна на Општина Центар на 2 ноември неколку дена пред да замине од функција ексградоначалникот Саша Богдановиќ преку информатичкиот систем е-одобрение. 

Актуелниот градоначалник Горан Герасимовски вели дека тоа нема никаква врска со неговиот мандат, додека претходникот Богдановиќ тврди дека тоа не е правосилна одлука, туку иницијатива на која може да се поднесе жалба.

Слично

Поврзани вести