Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ќе се гради пат кон манастирот „Зрзе“

Ќе се гради пат кон манастирот „Зрзе“

Министерството за транспорт и врски распиша оглас за доставување понуди за изградба на патот Костинци – Зрзе – манастир „Св.Преображение Христово“ во општина Долнени. Краен рок за доставување на понудите од страна на заинтересираните компании кои сакаат да го изградат патот  е 17-ти февруари.

„Патот е во должина од од 7,5 километри и ширина од 3,5 метри и треба да обезбеди современ и соодветен пристап до културно-историскиот микро регион на „Зрзе“, велат од Министерството.

Откако ќе биде избрана компанија којашто ќе ви изведува градежните работи, рокот за целосна изградба на патот е 16 месеци. Од Министерството очекуваат градежните активности да почнат во првата половина на март оваа година. „Со реализацијата на овој проект, манастирот ќе стане попристапен за верниците, но и за туристите кои ја посетуваат Македонија“, информираат од Министерството за транспорт и врски.
Слично

Поврзани вести