Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЌЕ СЕ ГРАДИ НОВ МОСТ: Сообраќајот кај Башино село ќе биде во прекин подолго време

ЌЕ СЕ ГРАДИ НОВ МОСТ: Сообраќајот кај Башино село ќе биде во прекин подолго време

Сообраќајот кај Башино село ќе биде во прекин подолг временски период. 

АМСМ објави дека обиколниот пат Скопје-Велес ќе биде затворен кај Башино Село, а прекинот ќе трае подолг период.

Како што соопшти АМСМ претходно денеска, од 12:20 часот патот е целосно затворен кај мостот во близина на Башино Село, поради дотраеност на мостот, изграден 1971 година од тогашната Југословенска народна армија (ЈНА).

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека ќе се гради нов мост.

„Јас од мое име би сакал да им се извинам на велешани и на сите оние граѓани, коишто во следниов период за жал ќе имаат зголемен сообраќај низ Велес и нема да може да се користи овој мост за сообраќај. Навистина жалам што ова мора да се случи но, подобро да ние примиме некој политички куршум, отколку да не дај боже загубиме човечки живот, 53 години за жал ништо, 54-та година ништо не се направило“, рече Мицкоски.

Moстот е во критична состојба. Градоначалникот уште во 2018 година апелирал за реконструкција, но досега не е направено ништо.

Градежниот факултет утврди дека конструкцијата е со висок ризик и се забранува сообраќај. Во следните 90 дена се очекува да се обезбеди сообраќај во една лента со семафори. Планирана е изградба на нов мост, со проектна документација и тендери кои треба да се завршат до крајот на годината, а изградбата да започне во втората половина на следната година.

И други мостови во државата чекаат реконструкција. 

фото Фејсбук/Христијан Мицкоски

Слично

Поврзани вести