Ќе се гради нов магистрален пат Охрид – Свети Наум
Најдоцна до крајот на годинава ќе стартува изградбата на магистралниот пат Охрид - Свети Наум. Се работи за целосно нов пат, кој ќе поминува над сегашната магистрала, која е изградена пред 45 години и е во лоша состојба.
Сообраќајницата ќе биде широка 12 метри, со 4 сообраќајни ленти - по 2 во секој правец, а ќе се гради во 2 фази. Проектот за првата фаза, за потегот од Охрид до Пештани, треба да биде завршен до јуни.
„Паралелно со тоа се изготвува и втората фаза од истиот проект од Пештани до Свети Наум, односно до граничниот премин кон Република Албанија.Тој проект согласно потпишаниот договор треба да биде готов до крајот на 2014 година“, најави директорот на Агенцијата за патишта Љупчо Георгиевски.
Охриѓани се надеваат дека новиот пат ќе помогне за уште поголем развој на туризмот во овој регион, но и за олеснето одвивање на сообраќајот за време на туристичката сезона. Соред предвидената траса, новиот магистрален пат треба да поминува во близина на Националниот парк „Галичица“ заради што ќе биде потребно одобрение и од Министерството за животна средина.
Според проценките, патот долг 39 километри ќе чини околу 70 милиони евра.
Патниот правец Охрид-Кичево, пак. се очекува да се започне со градба за еден месец. Средствата се обезбедени, склучени се договори, а моментално се работи на довршување на постапките за експропријација.
Слично
