Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ќе се гради голем туристички комплекс во Стар Дојран

Ќе се гради голем туристички комплекс во Стар Дојран
Местото Карач во Стар Дојран ќе станува туристичка развојна зона, одлучи Министерството за транспорт и врски . Веќе е пуштен огласот за продажба на парцела од 19,5 хектари, инаку неизградено државното градежно земјиште. Се типува на странски инвеститор бидејќи парцелата веќе била понудена на туристичките саеми во странство. Инвеститорот кој ќе гради сепак има ограничувања, па објекти ќе може да се сместат најмногу на една половина од парцелата и не смеат да бидат повисоки од 25 метри, што всушност значи до осум ката. Според огласот почетната цена на наддавање е едно евро за квадрат, но претходно заинтересираните мора да остават депозит од 1,5 милион денари. „Инвеститорот ќе мора да достави банкарска гаранција во износ од три милиони евра во денарска противвредност за сериозност на понудата која ќе важи се до моментот додека не се платат средствата. Исто така, од него се бара да има годишен обрт на капитал од најмалку пет милиони евра во фискалната 2012 година. Услов е и правното лице кое ќе ја добие зоната да мора да вработи најмалку 150 лица и да ги задржи минимум три години од моментот кога ќе ги изгради објектите“, рече министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески. Инвеститор во Дојран ќе биде ослободен од персонален данок на доход за плати на вработените една деценија штом зоната ќе проработи. Ослободивање од плаќање на ДДВ има и за градежните материјали,но  и од плаќање царина за увоз на материјали за изградба на комплексот. За дојранскиот градоначалник Борче Стамов, зоната во Карач ќе придонесе за забрзан локален економски развој и надминување на невработеноста. Тој најави дека со ова Дојран се претвора во атрактивна туристичка дестинација. Надлежните информираа дека се планира изградба на уште една туристичка развојна зона на површина од 11 хектари во Нов Дојран и голф терен  за продажба, додека на територијата на Македонија е предвидена изградба на уште осум туристички развојни зони. Три од нив ќе бидат во Охрид – Љубаништа 1,2 и 3, една во Калишта крај Струга, Попова Шапка, Кожуф, Отешево и Стење. Огласот за Карач е отворен до 14 јануари.
Слично

Поврзани вести