Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ќе се гради далекуводот Битола-Елбасан, се интензивира енергетската соработка со Албанија

Ќе се гради далекуводот Битола-Елбасан, се интензивира енергетската соработка со Албанија
Најава за интензивирање на соработката во енергетиката меѓу Македонија и Албанија стигна по средбата на министерот за економија Ваљон Сарачини ќе се сретне со албанскиот министер за енергетика и индустрија,  Дамиан Ѓикнури кој денеска допатува во земјава. Како приоритет е договорен проектот за интерконективно поврзување со далекуводот Битола-Елбасан, кој според Сарачини, ќе значи многу за енергетската, но и за економската состојба во Македонија. „За проектот од наша страна веќе е изработена физибилити студија и студија за животна средина. Очекуваме во наредниот период да се изработи техничка документација за што е обезбедн грант од еден милион евра од Европската банка за обнова и развој. Со ЕБОР сме во завршни преговори и за обезбедување кредит во вредност од 45 милиони евра колку што се потребни за реализација од наша страна,“ изјави Сарачини по средбата. Според него, ако се тече по планот до 2017 година далекуводот ќе биде изграден. Пре колегата од Албанија Сарачини ги презентирал и новите 80 локации за изградба на мали хидроелектрани. Разговари се воделе и околу потребата од поинтензивна соработка во делот на рударството. „Дискутиравме и за проектот Луково Поле. Не сакајќи да оставиме простор за шпекулации се одлучивме да имаме технички лица од двете страни кои ќе работат на проектот и ќе се догoвараат меѓу себе за да нема нејаснотии околу сливот на водите. Тие треба точно да видат какво ќе биде влијанието на проектот за двете земји и врз база на меѓународното право да се направи одржлив проект“, истакна министерот Ѓикнури. На средбата било договорено потпишување Меморандум за соработка во енергетикат, а формирана е и работна група од двете министерства која до февруари 2014 година, ќе треба да го согледа напредокот заа сите отворени прашања на кои се разговарало на средбата.
Слично

Поврзани вести