Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ќе се гонат функционерите кои се луксузираа со службени картички?

Ќе се гонат функционерите кои се луксузираа со службени картички?

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција наскоро ќе го комплетира доказниот материјал што го собира од институциите за  службените картички со кои се луксузирале поранешните функционери, информира ТВ24.

По допрен глас, Обвинителството има отворено предистражна постапка за неколку случаи за кои медиумите објавија дека поранешни министери, заменици и државни секретари се честеле со луксузни вечери, купувале храна и продукти од супермаркети за дома.

Од Јавното обвинителство велат дека, со оглед на тоа што се работи за предистражна постапка, согласно одредбите од член 289 од Законот за кривична постапка, сите дејствија што се преземаат во предистражната постапка се сметаат за тајна и во оваа фаза не можат да бидат споделени со јавноста.

Слично

Поврзани вести