ЌЕ СЕ ГЛЕДААТ НОВИ ДОКАЗИ - продолжува судењето за Рекет
Денеска во Кривичниот суд во Скопје треба да продолжи судењето за „Рекет“. Судскиот процес е во доказна постапка и според најавите, треба да продолжи со презентирање докази.
Инаку, на претходното рочиште беа прикажани снимки од камерите во куќата на Јордан Камчев, што тој во својство на сведок ги има доставено во Обвинителството како доказен материјал. Беше пуштена и снимка од необјавена емисија „Инсајдер”, а презентирани беа и фискални сметки од обвинетиот Бојан Јовановски од 2019 година за облека што ја купувал од брендирани бутици во Италија. Сметките, кои се над 20, се на износи од 300 до 9.000 евра и повеќе. Вкупниот износ е 148.000 евра, потрошени за три дена во Италија.
Случајот го води судијката Васка Николовска-Масевска, а застапник на обвинението е Вилма Русковска.
