Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ќе се гласа за нова влада - потребно е најмалку 61 глас

Ќе се гласа за нова влада - потребно е најмалку 61 глас

Собранието денеска ќе ја одржи втората седница на која единствена точка на дневниот ред е избор на Влада. Седницата ќе почне во 11 часот.

Мандаторот Зоран Заев ќе има обраќање пред пратениците по што ќе следува претресот. Редоследот на говорите на пратениците и седењето во собраниската сала беше договорен на вчерашната координативна седница со спикерот, Талат Џафери. На координација не дојдоа од ВМРО-ДПМНЕ.

Владата треба да биде избрана два дена по отпочнувањето на седницата односно најдоцна до среда на полноќ. За таа да биде избрана потребно е да гласаат најмалку 61 пратеник.

Во новата Влада министри ќе имаат СДСМ, ДУИ и Алијанса на Албанците. 

Слично

Поврзани вести