Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ќе се формира ли наскоро нова албанска партија во Македонија?

Ќе се формира ли наскоро нова албанска партија во Македонија?

Се погласни се шпекулациите дека можно е формирање на нова албанска партија во Македонија која ќе има слично име како партијата на Ердоган која е владејачка во Турција, односно ќе се нарекува Партија на правната држава. Засега се шпекулираше дека оваа партија ќе ја формира актерот Гафур Адили со седиште во Тетово, но поранешниот политички бегалец ги негираше ваквите тврдења.

Според Адили навистина било смешно да се шират информации за создавање на нова албанска партија во Македонија бидејќи тој воопшто не бил вклучен во таков вид на активности.

Адили кој е роден во Кичево емигрирал од Македонија поради како што се тврди политичкиот прогон на УДБА и по три децении надвор од државата реши повторно да ја посети родната земја, за што и често има политички коментари, но не и активно учество во политиката, па можеби токму затоа е одбран како кандидат за оваа нова албанска партија за која се пушта пробен балон во јавноста. 

Слично

Поврзани вести