Ќе се есхумира уште едно тело на можна жртва на серискиот убиец од Милетино
ОJO Куманово ја прошири истрагата против 25-годишниот Т.Б. од селото Малотино, постојат докази дека тој стои зад уште едно свирепо убиство.
Обвинителот Љубомир Лапе информираше дека втората жртва е жена родена 1989 година, која била нападната во нејзиниот дом во текот на јануари. Форензичките наоди дефинитивно го поврзале осомничениот со ова дело.
„Поради суровоста и бројот на делата, на осомничениот му се заканува доживотен затвор“, појасни обвинителот Лапе.
Во меѓувреме истрагата против дваесет и петгодишен жител на село Малотино од општина Старо Нагоричане, осомничен за убиство на седумдесет и осумгодишна жителка на село Челопек се проширува за уште едно убиство, изјави Лапе.-Се спроведува истражна постапка против истото лице, со што фактички се проширува истрагата за уште едно кривично дело – убиство. Согласно Кривичниот законик, тоа претставува кривично дело убиство од член 123 став 3, за кое е предвидена доживотна казна затвор, изјави тој по денешниот брифинг со новинари за предметот.
