ЌЕ СЕ „БИЛДА“ ПАТРИОТИЗАМ И ВО ГАЗИ БАБА: Стефковски по примерот на Муцунски, ќе ја интонира химната во училиштата
Откако неодамна Градоначалникот на Аеродром, Тимчо Муцунски објави дека секој понеделник наставата во основните училишта ќе започнува со интонирање на македонската химна, по истиот пример тргна и градоначалникот на Општината Гази Баба, Бобан Стефковски.
Како што објави тој на својот фејсбук профил, „ секој понеделник наставата во училиштата на територија на општина Гази Баба ќе започнува со интонирање на химната на Република Македонија.
Химната и знамето на нашата Македонија се нераскинлив дел од нашиот повеќевековен идентитет и тие ја заслужуваат нашата должна почит.
На денешната редовна седница, Советот на општина Гази Баба ја донесе оваа Одлука која е задолжителна за сите општински основни училишта на нашата територија“ напиша тој на Фејсбук.
