Економија, финансии, бизнис

Контакт

„ЌЕ РАБОТИМЕ ДВОЈНО ПОДОБРО“: Димитриевски се заблагодари на граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата

„ЌЕ РАБОТИМЕ ДВОЈНО ПОДОБРО“: Димитриевски се заблагодари на граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата

Сакам да кажам дека ова е победа на граѓаните на Куманово. Горд сум на сите кои беа вклучени во овој процес, особено на сите што дадоа се од себе да оваа победа се оствари, рече старо-новиот градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски. 

„Сакам да се заблагодарам на сите што ми дадоа поддршка, а воедно, само што ја примив честитката од мојот противкандидат, кому му благодарам. Јас ја примив пораката од кумановчани, моја обврска е да работам за Куманово, но и да работам ЗНАМ да се етаблира на политичката сцена. Сакам да се заблагодарам на сите наши коалициски партнери кои дадоа поддршка, тргнувајќи од ВМРО-ДПМНЕ и целата владина коалиција, но пред се на сите во Куманово“, посочи тој.

Вели дека ја сфатил пораката од нискиот одзив - дека граѓаните негодуваат, но и дека дел од нив однапред сметале дека победникот е познат.

„Знаевме кој се тоа имавме против нас, но на крајот на денот, победата е јасна - во следните четири години, ЗНАМ заедно со коалицијата ќе продолжи да работи како до сега и ќе биде двојно подобро, а со цел да ги подобриме условите, а секако ќе се посветам и на поголем економски раст во Куманово“, вели Димитриевски. 

Вели дека Куманово ќе стане главен логистички центар, не само во Македонија, туку и на Балканот. 

Слично

Поврзани вести