Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЌЕ ПРОДОЛЖИ ЛИ ДА ПАЃА БРОЈОТ НА ЗАРАЗЕНИ: Не се укина полицискиот час

ЌЕ ПРОДОЛЖИ ЛИ ДА ПАЃА БРОЈОТ НА ЗАРАЗЕНИ: Не се укина полицискиот час

Уште десетина дена ќе биде на сила полицискиот час во државата. 

Иако бројот на хоспитализации, активни случаи и новозразени е во пад , властите не донесоа одлука за укинување на полицискиот час.

Тоа значи дека до 1 јуни граѓаните ќе имаат ограничување во однос на движењето од 24 часот па до 04 изутрина.

Последната статистика од министерството за здравство вели дека уште две лица починаа од коронавирус а се регистрирани 83 нови случаи на инфекција.

Новиот број на лица заразени со ковид е потврден со 2.704 тестови во претходните 24 часа, а 3,07 проценти од испитаниците биле позитивни.

Досега 5.232 лица починаа од коронавирус во северна Македонија, дијагностицирани се 154.804, а активни се 2.270.

Институтот за јавно здравје регистрираше дека се опоравиле уште 259 пациенти, така што вкупниот број на излекувани пациенти се зголеми на 146.302.

Се очекува бројот на заразени со корона да продолжи да паѓа а пандемијата да губи на интензитет со имунизацијата која е во тек во цела земја.

Слично

Поврзани вести