Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ќе продолжат интензивните сообраќајни контроли

Ќе продолжат интензивните сообраќајни контроли

Претседателот на Републичкиот собет за безбедност на сообраќајот и патиштата Стојче Стаменковски навести дека интензивно ќе продолжат сообраќајните контроли во Скопје и другите градови се додека не се промени свеста на возачите.

Ова го одговори првиот човек на РСБСП на констатацијата на МИА дека скопјани се жалеле дека биле сопирани и по четири пати, особено во „рекордната“ вечер кога МВР санкционираше 248 пијани возачи од 726 контролирани.

- Полицијата има право да прави и повеќекратни  контроли со цел да спречи прекршување  на пропишаните правила и прописи.  Во земјите од Европската унија  сообраќајот е под постојан мониторинг и под постојана контрола од камери, дронови итн. Се додека не се имплементира тој систем и кај нас и се додека свеста и одговорноста кај учесниците во сообраќајот не се издигне на највисоко ниво, ваквите силни контроли се потребни и оправдани.  Граѓаните треба да знаат дека овие контроли се прават за нивна заштита од несвесните возачи, а совесните возачи немаат причина зашто да се грижат - рече Стаменковски.


Слично

Поврзани вести