ЌЕ ПРИСУСТВУВААТ НЕКОЛКУ ВЛАДИЦИ И ПОГЛАВАРОТ НА МПЦ: Кога ќе бидат погребани жртвите од пожарот во Кочани?
Погребот на загинатите во пожарот во Кочани ќе биде во четврток.
Директорот на Центарот за управување со кризи(ЦУК), Стојанче Ангелов, на прес-конференција информираше дека погребот на 59-те загинати во Кочани ќе биде во четврток, 20 март, а точното време ќе биде објавено дополнително.
„На погребот ќе присуствува поглаварот на Македонската православна црква, г.г Стефан, ќе има и неколку владици од Синодот. Црквата прави се за овие чеда да бидат испратени на најдостоинствен начин“, изјави Ангелов.
Во пожарот во Кочани кој се случи во неделата во раните утрински часови загинаа 59 луѓе. Повредените се во Скопје, Штип, Кочани на лекување, но и во повеќе европски земји.
Слично
