Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ќе прими ли Македонија годинава повеќе од милион туристи?

Ќе прими ли Македонија годинава повеќе од милион туристи?

Повеќе од 1,3 милиони туристи очекуваат надлежните годинава, по добрата 2018 година.

Според министерот за економија, Крешник Бектеши, годинава се очекуваат над 4 милиони ноќевања. Вели дека заедно со хотелиерите се работи на нова бренд стратегија.

„Почнавме со мерката за субвенционирање на домашниот туризам и за работниците со ниски приходи. Продолжуваме и оваа година. Сакам да ве известам дека од 26 пријавени хотели, 14 се од Охрид“, изјави Бектеши.

Македонија лани го надмина прагот од 1 милион туристи. 

Најголемиот број од странските туристи доаѓаат од Турција, Србија, Косово, Бугарија, Грција, Албанија и Холандија. Иако во јануари е забележан раст на бројот на туристи споредено со лани, а намален е бројот на ноќевања.

Слично

Поврзани вести