Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ќе пресуди ли судот во Солун екстрадиција на екс тајните агенти Грујоски и Бошковски?

Ќе пресуди ли судот во Солун екстрадиција на екс тајните агенти Грујоски и Бошковски?

Со будно око јавноста денеска ја очекува одлуката на Грчкиот суд во однос на екстрадицијата на двајцата бегалци и екс тајни разузнавачи Горан Грујоски и Никола Бошковски.

Грчките медиуми јавуваат дека Грчкото Обвинителество предложило екстрадиција на двајцата обвинети во случаите на СЈО поврзани со незаконско прислушување.

„Чекаме денеска Судот да ја соопшти одлуката. На минатите рочишта како сведоци бевме сослушани само јас и Александар Даштевски“, изјавил за МИА адвокатот на обвинетите, Петар Василев.

Горан Грујоски и Никола Бошковски беа уапсени од грчката полиција на 18 октомври, кога се обиделе да заминат од аеродромот во Солун со лажни бугарски пасоши.

Слично

Поврзани вести