Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЌЕ ПРЕСЕЧЕ ЛИ АХМЕТИ: Дали ДУИ ќе влезе во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ?

ЌЕ ПРЕСЕЧЕ ЛИ АХМЕТИ: Дали ДУИ ќе влезе во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ?

Се разгледуваат аргументите за и против, но сè уште не е свикано Централното претседателство на ДУИ, а разговорите ќе продолжат и утре, изјави  портпаролот на ДУИ,  Бујар Османи  во Мала Речица.

ДУИ треба да донесе одлука дали ќе влезе во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ и дали ќе ја формираат новата влада. 

Вели дека лидерот на партијата, Али Ахмети продолжува со консултациите, немаат конкретни одлуки, ги анализираат сите опции за и против. 

„Ситуацијата е деликатна, роковите се кратки, ќе продолжиме и во текот на утрешниот ден со овие консултации. За секоја од опциите има аргументи кои се ставени на маса и во текот на овие денови сме ги образложиле. Ќе се анализираат последиците од тие опции, но  најважен е пред сè интересот на граѓаните“ – рече Османи. 

Тој појасни дека Централното претседателство на партијата ќе биде свикано тогаш кога ќе има предлози кои би донеле конечни одлуки.

Вели дека целта им е политичка стабилност, и важно им е да донесат добри одлуки. 

Според Османи, во прв план е иднината на земјата. 

Рокот на мандаторот, Никола Груевски да формира влада истекува задутре.

Слично

Поврзани вести