Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЌЕ ПОТПИШАТ БИЛАТЕРАЛНИ ДОКУМЕНТИ: Владите на Македонија и Бугарија заседаваат заедно

ЌЕ ПОТПИШАТ БИЛАТЕРАЛНИ ДОКУМЕНТИ: Владите на Македонија и Бугарија заседаваат заедно

Владите на Бугарија и на Република Македонија ќе одржат заедничка средба во резиденцијата Бојана во Софија.

Настанот е дел од дводневната посета на македонска делегација, предводена од премиерот Димитар Ковачевски, која во понеделник допатува во Бугарија.

Тој и Кирил Петков ќе имаат разговор лице в лице. На крајот од заедничката седница на двете влади ќе бидат потпишани билатерални документи, а се очекува двајцата премиери да дадат заедничка изјава за медиумите

Паралелно, планирани се средби на четирите работни групи формирани во областите:

-економија, трговија и иновации;

-инфраструктура, транспорт и поврзување;

-Европска соработка - зелена транзиција и дигитална трансформација и владеење на правото;

-културата, науката и образованието и младите.

Ќе се сретнат и копретседателите на Заедничката мултидисциплинарна комисија за историски и образовни прашања.

Според бугарската влада, денешната заедничка седница е уште еден клучен чекор за воспоставување нов дијалог меѓу Софија и Скопје, како и за продлабочување на билатералната соработка.


Слично

Поврзани вести