Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ќе потклекне ли Груевски пред меѓународниот притисок - Кој ќе го води ВМРО-ДПМНЕ?

Ќе потклекне ли Груевски пред меѓународниот притисок - Кој ќе го води ВМРО-ДПМНЕ?

По крвавите инциденти во Собранието, признавањето на Талат Џафери како нов собраниски спикер и се пожестокиот притисок кај меѓународните партнери се погласни се шпекулациите дека во ВМРО-ДПМНЕ мора да има промени, особено во раководството, па и самата позиција на Груевски кој повеќе од 10 години беше неприкосновен повеќе не е гарантирана.

Најголемата грешка што ја направи партискиот врв, додаваат, е што си направи непријатели кај евроатланската заедница. Поранешниот државен секретар во Владата на Груевски, Перо Димишкоски вели дека партијата го изгубила кредибилитетот не само кај меѓународната заедница, туку и кај своето членство.

„Ова е задача на раководството, на нивниот претседател, да објасни зошто не успеаа тие да состават Влада. Оние работи што ги слушнавме, заради тиранската платформа итн., не се прифаќа тоа, бидејќи тоа не го кажаа кога се донесе таа платформа додека траеа преговорите со ДУИ. Единствено во што се претвори во една сила на која се повеќе се гледа како еден дестабилизирачки фактор. Тие позиции коишто ги има сега под итно мора да се напуштат“, вели Димишкоски.

Извори од внатре велат дека во партиските редови тлее незадоволство затоа што Груевски ја изгуби довербата кај меѓународната заедница. Иако партијата го негираше тоа, сепак се посилни се шпекулациите за можни потенцијални кандидатите кои би го замениле партискиот лидер.  Дека се потребни свежи кадри во врвот на ВМРО-ДПМНЕ се согласува и поранешниот претседател на оваа партија, Љупчо Георгиевски. Не е видено никаде во Европа владејачка партија да одбива да ја предаде власта по мирен пат како што тоа го прави ВМРО-ДПМНE, посочува тој.

„Сметам дека ВМРО-ДПМНЕ самиот се доведе во една несимпатиччна позиција пред меѓународната заедница, пред своите албански партнери на кои ќе сметаат утре. Си исече многу мостови, кои сметам дека не требаше да ги исече. Најверојатно ќе требаат некакви реформи“, изјави Георгиевски.

Познавачите на состојбите сметаат дека сепак, политичката криза тука не завршува. Реториката на партијата се повеќе се заострува против новоизбраниот претседател на Собранието и против опозицијата која продолжува да ја стигматизира, додават аналитичарите.




Слично

Поврзани вести