Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЌЕ ПОЧЕКАМЕ: Извештај во април нема да има

ЌЕ ПОЧЕКАМЕ: Извештај во април нема да има

Извештаите за проширувањето ќе се објават подоцна од вообичаеното.

Еврокомесарот за проширување и соседска политика, Јоханес Хан, потврди дека извештаите за земјите од Западниот Балкан нема да бидат објавени во април поради европските избори. Хан вели дека целта е извештаите да бидат „темелно дискутирани“.

Со месеци веќе се говори дека поради чувствителноста на овие парламентарни избори во ЕУ, извештаите би можеле да бидат одложени најрано до неделата по изборите, односно првата недела во јуни, што би овозможило до јунскиот Совет да бидат одобрени заклучоците на Европската Комисија од страна на земјите членки. Но, еврокомесарот не ја исклучи можноста извештаите да се објават и подоцна.

„Во секој случај ќе бидат објавени пред инаугурацијата на новиот Европски Парламент“, изјави Хан.

Новиот состав треба да биде инаугуриран на 2 јули, откако ќе завршат преговорите на политичките партии.

Нашата земја и соседна Албанија очекуваат годинава земјите членки да одобрат датум за преговори со ЕУ. Средбата на лидерите на ЕУ на која би можело да се одлучува за датумите е закажан за 20 и 21 јуни, и затоа е неизвесно дали извештајот ќе биде објавен пред тоа, или одлуката ќе се одложи за наесен.

Слично

Поврзани вести