Економија, финансии, бизнис

Контакт

„ЌЕ ПОБАРА ЛИ МИЦКОСКИ ОДГОВОРНОСТ ОД СОВЕТНИКОТ ЗА ЖИВОТНА СРЕДИНА“: СДСМ за депониите кои ги трујат жителите на Скопје

„ЌЕ ПОБАРА ЛИ МИЦКОСКИ ОДГОВОРНОСТ ОД СОВЕТНИКОТ ЗА ЖИВОТНА СРЕДИНА“: СДСМ за депониите кои ги трујат жителите на Скопје

Остра реакција утрово испрати опозициската политичка партија СДСМ околу загадувањето во главниот град и одговорноста со управувањето на депонијата Дрисла. 

- Скопје е задушено во чад поради горењето на депониите, граѓаните со најскапото нешто - со своето здравје ја плаќаат цената на непособноста и лагите на ВМРО-ДПМНЕ - пишува во соопштението на СДСМ. 

Од СДСМ укажуваат дека Даме Димитровски, актуелен советник на премиерот Христијан Мицкоски за животна средина и поранешен претседател на Комисија за животна средина на ВМРО-ДПМНЕ, е претседател на Управниот одбор на Дрисла. Како доказ за нивното тврдење приложуваат и линк од вебстраната на депонијата (https://drisla.mk/organizacziona-struktura/ )

- Ќе побара ли сега Мицкоски одговорност од него? 

ВМРО-ДПМНЕ имаше и директор на Дрисла – Јане Мицевски, човек без никакво соодветно искуство, магистер за туризам и менаџмент.

Со депонијата Вардариште со децении управуваат нивни градоначалници, од Коце Трајановски, до Бобан Стефковски.

Пред четири години ВМРО-ДПМНЕ и нивните градоначалници ветуваа: „Фабрика за селекција на отпад во Дрисла“,„затворање на Вардариште, намалување на стакленички гасови, покривање и озеленување“, ветуваа „Зелена зона Вардариште“ со спортско-рекреативни терени a Тимчо Муцунски ветуваше дислокација.

Поминаа 4 години ништо од ова не е направено. ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски не само што ништо не исполнија, не само што ништо не решија, туку ги оставија депониите да го трујат градот. 

За еколошката катастрофа која секој ден ја живеат скопјани вината е кај ВМРО-ДПМНЕ и нивните неспособни кадри и градоначалници - нагласуваат од СДСМ. 

Слично

Поврзани вести