Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ќе пие ли Заев кафе со Груевски или ќе мисли како да го уапси?

Ќе пие ли Заев кафе со Груевски или ќе мисли како да го уапси?

Александар Кржаловски од невладиниот сектор во емисијата „Отворено“ на ТВ 24 го запраша премиерот Заев на кој начин гледа можност за смирување на страстите и намалување на огромната поларизација на општеството. 

- Водите помвровска влада од претходната, на шега посочи Кржаловски за владината кадровска политика и големата поларизираност на македонското општество и запраша дали по изборите би направиле „бела книга“ со добри проекти кои ги остави ВРМО-ДПМНЕ.

- Јас немам предрасуди, знам да критукувам за минатото и јавно да пофалам за тоа што е добро и сакам да учам од тоа, а не да го повторам лошото. Има дефектни работи кои мора да се објават за странските инвестиции, но има и добри работи кои ќе ги потврдам и повторам. Има квалитетни кадри од мојот политички опонент кои може да се употребат во институциите и сакам да го искористат тоа знаење и искуство, но и да им се даде шанса на нови кадри кои имаат свежина и идеи. Бела книга можеби нема да издадеме, но секогаш ќе кажам искрено што е добро од претходната власт, одговори Заев.

На прашањето дали ќе пие кафе со Груевски или ќе мисли на негово апсење, Заев откри: 

- Апсењето не е работа на извршната власт, ниту на МВР, туку на правосудството. Јас секогаш со секој противник, како и Груевски сум подготвен да разговарам за националните интереси преку дијалог. Правосудството е издвоено и тоа си ги води постапките, рече Заев. 

Слично

Поврзани вести