Ќе паѓаат цените на становите, пазарот е презаситен!?
Се намалува изградбата на станови во земјава - покажуваат податоците на Државниот завод за статистика, а паѓаа и цените на становите, се вели во извештајот на НБРМ. Според најновите податоци на државниот завод за статистика може да се забележи дека има пад во планираната изградба на станови. Имено, во декември лани била предвидена изградба на 336 станови со површина од 33.017 квадратни метри, а во декември 2012 година била предвидена изградба на 587 станови, со површина од 48 503 метри квадратни.
Бројките покажуваат дека пазарот на недвижности станува презаситен, а цените на становите се очекува да одат надолу. Токму тоа е наведено и во кварталниот извештај на НБРМ, каде е посочено дека цените на становите ќе се намалуваат.
„По прекинот на речиси двегодишниот надолен тренд што се случи во третиот квартал, цените на недвижностите во последниот квартал на 2013 година повторно следат надолна патека на движење. Имено, индексот на цените на становите забележа намалување од 3% на квартална основа. Ваквите движења на квартална основа придонесоа за забрзување на падот на годишна основа (пад од 3,8%, по падот од 1,3% во третиот квартал на 2013), се наведува во Кварталниот извешатј на НБРМ.
Намалувањето на цената на становите може да се објасни со постојаната висока понуда на пазарот на недвижности во изминатиот неколкугодишен период, која штo се согледува преку високиот збирен раст (80%) на изградбата на станбените згради во првите три квартала на 2013 година.
„Понискиот број издадени одобренија за изградба на станови во третиот квартал на 2013 година, исто така , укажува на веќе релативно висока понуда. Дополнително влијание врз падот на цената на становите имаат и намалените трошоци за изградба, односно на трошоците за материјали“, се посочуваат од НБРМ.
Според последните податоци, во 2012 година биле изградени вкупно 6.433 станови. При тоа најмногу се граделе трособни и двособни станови, а најмалку се граделе еднособни станови.
Сепак, од агенциите што се занимаваат со недвижности, но и од градежните компании што се занимаваат со изградба на објекти од високоградба, коментираат дека не може да се очекува драстична промена на цената на становите но, и дека доколку се случи пад на цените тоа нема да значи дека тие ќе се намалуваат секаде.Туку, цените сепак ќе зависат од локациите односно населбите во кои се нудат, дали таму има преголема понуда или не, но и од тоа дали се работи за стан во стара зграда или стан во нов објект.
Еве во кои општини најмногу се граделе станови во 2012 година, за кога се и последните пдоатоци на државниот завод за статистика.
Најмногу станови се изградиле во Охрид, потоа во скопската населба Аеродром, следува Куманово, па скопската општина Центар, а потоа Тетово.
С.Н,

- Велес 116
- Кочани 214
- Штип 130
- Кичево 151
- Охрид 579
- Струга 251
- Струмица 133
- Битола 121
- Прилеп 180
- Боговиње 131
- Гостивар 171
- Теарце 154
- Тетово 352
- Куманово 394
- Аеродром 554
- Бутел 156
- Ѓорче Петров 237
- Карпош 250
- Кисела Вода 151
- Сопиште 157
- Центар 372
С.Н,
Слично