Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ќе паѓа снег повторно во Македонија?

Ќе паѓа снег повторно во Македонија?

Оваа недела можно е да имаме појава на снег во Македонија. 

Времето до петок ќе биде стабилно и суво со пораст на дневната температура, а по одделни котлини ќе има појава на слаба магла. В петок кон крајот на денот и в сабота се очекува преку нашево подрачје да помине краток и релативно влажен бран. Ќе има зголемување на облачноста и повремени врнежи од дожд, а на планините во северозападниот дел од земјава ќе има врнежи од снег.

Според Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), утринската температура ќе биде од минус три до четири степени, а дневната од 12 до 19 степени.

Потоа се очекува повторно стабилизирање и затоплување на временската состојба кај нас.

Слично

Поврзани вести