ЌЕ ПАДНАТ 35 ЛИТРИ ДОЖД НА КВАДРАТ: Можни ли се излевања на реките?
УХМР предупредува на можни локални излевања кај помалите водотеци и суводолици на целата територија на Република Македонија.
Ова може да се случи поради временска нестабилност и очекуваните поројни врнежи дожд.
Како што соопштија од УХМР тешко може да се предвиди каде ќе паднат врнежите и колкав ќе биде нивниот интензитет.
„На одредени места, поради стеснување на водотеците од разни причини, можни се локални излевања. Препорачуваме внимателно движење покрај водотеците и суводолиците“- велат од Управата за хидрометеоролошки работи.
Во текот на ноќта во Македонија времето беше нестабилно, облачно со пороен дожд и грмежи, особено во северните и североисточните делови. Локално процесите беа поинтензивни во форма на невреме со обилен пороен дожд, електрични празнења и засилен ветер.
Се очекува променливо облачно и нестабилно време, а попладне и пороен дожд и грмежи. Локално, процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со обилен пороен дожд, електрични празнења, засилен ветер и град. На одредени места се очекува да наврнат над 35 литри на метар квадратен дожд.
