Економија, финансии, бизнис

Контакт

ЌЕ ОСТАНЕ ЛИ САМО ПРАЗНО ВЕТУВАЊЕ: Тендер за набавка на нов мебел во студентските домови

ЌЕ ОСТАНЕ ЛИ САМО ПРАЗНО ВЕТУВАЊЕ: Тендер за набавка на нов мебел во студентските домови

Надлежните во образованието најавија набавка на комплетно нов мебел за студентските домови.

На листата се десет државни домови а заменик министерот Спиро Ристовски вчера посочи дека е во тек тендерот за набавка чија вредност се проценува на околу 100 милиони денари. 

„Врз основа на законските рокови се очекува на 14 ноември да има јавно отворање на понудите и потоа согласно законските процедури да се избере фирма – изведувач и да се започне со процесот на изработка и промена на мебелот во студентските домови. Нешто што на студентите им е потребно  во Република Македонија, кое им го должи секоја Влада. Со тоа ќе се подобри студентскиот стандарт и живот на студентите,  што за нас е врвен приоритет“, изјави Ристовски.

Понудите се отвораат на 14 ноември а критиериум за добивање на договорот е најниската понуда.

Слично

Поврзани вести