КОЈ ЌЕ ОСТАНЕ СО ТАРВАРИ? Алиу јавно потврди дека патот го продолжува со ВЛЕН по средбата со Курти каде беше заедно со Фетаи
Зачестија гласините дека дел од пратениците од редовите на Алијанса на Албанцијте нема да го следат Арбен Таравари и да ја напуштат владината коалиција.
Денеска вицепремиерот Арбен Фетаи, заедно со Азир Алиу, Сирија Рашити и Фета Алими, беа на посета кај премиерот на Косово, Албин Курти.
Фетаи на социјалните мрежи објави фотографии од средбата и напиша:
-На разденувањето денес, заедно со неколку пријатели по идеал од Алијансата за Албанците, тргнавме кон Приштина, минувајќи по автопатот „Арбен Џафери“, пат што за нас не е само инфраструктура, туку симбол на нашата духовна и национална врска.
Таму, во Приштина, водевме братски разговор со нашиот пријател, Албин Курти. Она што нè обединува денес, повеќе од кога било, е нашата заедничка визија и идеал за напредок и развој — идеал што не познава граници, ниту пречки, изјави Арбен Фетаи, вицепремиер.
Еве ја неговата објава:
Но, пораката која денеска ја објави поранешниот министер за администрација, Азир Алиу, на неговиот Фејсбук профил укажува дека тој веќе донел одлука да остане во коалицијата ВЛЕН, а не да го продолжи патот со Таравари.
- Јас верувам дека определбата за промена во општеството не се напушта при првиот отпор – туку се гради со уште повеќе работа!
Инаку, Арбен Таравари ја напушти коалицијата Вреди - ВЛЕН со цел на локалните избори да настапи со посебни советнички листи. Поради тоа беше принуден да се повлече и од Владата, додека неговата оставка од функцијата министер за здравство ќе биде констатирана во вторник во Собранието.
Доцна синоќа и претставникот на Вреди, Изет Меџети посочи дека можно е дел од пратениците на Европскиот фронт да преминат во владината коалиција.
