Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ќе остане ли цигарата само за дома?

Ќе остане ли цигарата само за дома?

Државата подготвува целосно нов и значително построг Закон за заштита од пушење, со кој практично се воведува целосна забрана за пушење во речиси сите јавни, работни и затворени простори. Предлог-законот, подготвен од Министерството за здравство и објавен на ЕНЕР, има за цел системска заштита на јавното здравје и намалување на штетите од пушењето.

Според предложените одредби, пушење на тутун, електронски цигари, загреан тутун и други никотински производи нема да биде дозволено во следниве простори:

  • во сите здравствени установи, установи за социјална заштита, образовни, културни и спортски објекти

  • пред влезови на здравствени и образовни институции

  • во и пред објекти за престој и сместување на деца, ученици и студенти

  • во државни институции и општински објекти

  • во сите работни простори и возила што се користат за работа

  • во јавен превоз од сите видови – автобуси, возови, авиони, бродови, жичници и ски-лифтови

  • на автобуски, железнички и аеродромски станици, како и пристаништа

  • на станици за градски и приградски превоз

  • во приватни возила ако во нив има дете

  • во продавници, трговски објекти, пазари и саеми

  • во сите угостителски објекти – ресторани, барови, меани, кантини и објекти за сместување

  • во заеднички простории на станбени згради (лифтови, ходници, котларници, светларници)

  • во полициски станици, затвори и воспитно-поправни установи

  • во објекти за игри на среќа

  • во и пред објекти каде се организираат забавни и рекреативни активности за деца, вклучувајќи игротеки

Одговорните лица во сите овие објекти ќе мора да постават јасни ознаки за забрана на пушење и да обезбедат контрола на нејзиното почитување.

Пушење ќе биде дозволено само на строго дефинирани отворени простори, кои мора да бидат физички одделени, отворени од најмалку три страни и без какви било стаклени или пластични прегради.

Законот предвидува и високи парични казни, како и можност за привремено затворање на објекти кои нема да ја почитуваат забраната.


Слично

Поврзани вести