Ќе останат ли роднините на ДУИ глуви по повикот на Заев: Османи си го кажа ставот за непотизам
Епидемија од непотизам ја тресе Македонија. Едни се повлекуваат, други се вработуваат, а колку државата се потрудила во оваа проблематика ќе каже и Брисел во јуни.
Гостувајќи го емисија на ТВ24 вицепремиерот Бујар Османи кажа дека непотизам не е семејствата на владините функционери да останат дома .
Според кажаното од него, Антикорупцијата треба да го каже правилното.
-Девијации има, тие треба да се констатираат, но не треба да има лов на вештерки. Ако Антикорупциската комисија каже дека со употреба на политичка моќ и врски е некој вработен, тогаш ќе има одговорност и ќе се повлечат сите. Не очекувајте дека нашите семејства ќе чекаат да ги завршиме нашите политички кариери за да ги почнат своите-кажа Османи.
Сите функционери имаат сестри, браќа, само ја имам 100 братучеди, дали тоа значи дека сите тие додека трае мојот мандат не смеат да се вработуваат-праша меѓудругото вицепремиерот.
Досега на повикот на премиерот за повлекување од вработувањата по реакциите во јавноста откази дадоа блиски и роднини од редовите на СДСМ, додека од ДУИ засега се „прават на Тошо“.
